Црква „Св. Богородица Челница“ - Охрид
црква во Охрид, МакедонијаСвета Богородица Челничка — македонска православна црква, сместена во стариот дел на Охрид, во населбата Варош. Црквата се наоѓа југоисточно од црквата „Мали Св. Врачи". Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот. Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските одлики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески. На 7 август 2011 црквата била преосветена.
Read article
Nearby Places

Црква „Св. Софија“ — Охрид
црква во Охрид, Македонија
Црква „Св. Влмч Димитриј“ - Охрид

Саат-кула (Охрид)
саат-кула во Охрид
Комплекс „Стара чаршија“ (Охрид)
археолошко наоѓалиште во Охрид

Караѓулевци (Охрид)
древномакедонска гробница во Охрид
Џамија на Хаџи Дургут
џамија во Охрид
Охридски чинар
познато дрво во Охрид

Црква „Големи Свети Врачи“
црква во Охрид